Мексико го освои Голд купот, Јамајка со историски успех

Фудбалерите на Мексико најдобри на Голд Куп

Со оваа нова титула, Мексико е убедливо најуспешна селекција во ова натпреварување со вкупно десет трофеи, дури пет повеќе од САД. И покрај поразот, фудбалерите на Јамајка можат да бидат задоволни бидејќи ова е најдобриот резултат за нив во историјата на Голд купот.

Мексико како голем фаворит влезе во синоќешното финале бидејќи најголемиот конкурент САД загуби во полуфиналето, токму од Јамајка. Резултатот го отвори Гвардадо во 31-та минута, а во вториот дел погодија уште Корона и Пералта. Почесниот погодок за Јамајка го постигна Матокс во 80-та минута.

Триумфот на Голд купот, на Мексико не му обезбедува директен пласман на Купот на конфедерациите. За тоа, шампионот на КОНКАКАФ зоната ќе игра плеј оф против САД и тоа на 9 октомври во Пасадена.