Мексико го поканил Путин на инаугурацијата на новата претседателка

Мексико го поканил рускиот претседател Владимир Путин на инаугурацијата на новоизбраната претседателка Клаудија Шејнбаум на 1-ви октомври, пишува во средата московкиот дневен весник Известия, повикувајќи се на мексиканската амбасада во Русија.

„Поканата до Русија да учествува на инаугурацијата на претседателката Шејнбаум е испратена до претседателот Путин“, изјави претставник на мексиканската амбасада, пренесува Известия.

„Рускиот претседател ќе одлучи дали самиот ќе учествува на церемонијата или ќе назначи друг висок функционер да го стори тоа во негово име“, пишува весникот.

Министерството за надворешни работи на Мексико подоцна за Reuters одговорило дека владата испратила дипломатски ноти до сите земји со кои има односи, како и до меѓународните организации чиишто членка е, поканувајќи ги на инаугурацијата.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин во 2023 година, за наводно воено злосторство за илегално депортирање на стотици деца од Украина, откако Москва ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година. И покрај тоа, што во меѓувреме децата на кои им се пронајдени родителите и крвни сродници или законски старатели се вретени во Украина а бројни се и откриените случаи кога со фалисфикувани документи Украинци тие деца ги префрлаат на Западот за посвојување, МКС не ја симна потерницата за Путин и руската комесарка за правата на децата Марија Лвова-Белова.

Иако Русија не е членка на МКС, Мексико е. Но, двете земји развиваат блиски врски, а Путин и честиташе на Шејнбаум за нејзината победа во јуни, велејќи дека Мексико е „историски пријателски партнер на Русија во Латинска Америка“. Министерството за надворешни работи не одговори на прашањето на Reuters како членството на Мексико во МКС ќе влијае на евентуалното доаѓање на Путин на инаугурацијата на претседателот.

Русија не е веќе странка на Римскиот статус со кој е основан судот во Хаг, што значи дека налогот нема правна сила на руска територија. Како и на териториите на САД, кои имаат закон кој е насочен против Трибуналот доколку се поведе постапка за американски државјанин, и на самата Украина коишто, исто така, не се потписнички на договорот. Но таквиот налог може да го спречи патувањето на Путин во некоја од 123-те земји потписнички на Римскиот статус.