Откако претходно учество на Светското фудбалско превенство кое оваа зима ќе се одржи во Катар обезбеди селекцијата на Канада, во последното коло од квалификациите во Конфедерацијата на Северна и Средна Америка (CONCACAF) таа цел ја остварија и репрезентациите на Мексико и САД.
Двете селекции пред последното коле од квалификациите, можеа да бидат загрозени единствено од Костарика, но чудото не се случи. Мексико својата работа ја заврши со домашната победа на легендарниот „Ацтека“ стадионот со 2:0 против Ел Салвадор.
Мексиканците дуелот го решија во првото полувреме, Антуна погоди во 17 минута, додека во 43 минута пенал реализираше Химениез. На крајот Мексико дојде до ист број бодови како и пласираната Канада.
Во ист „барабан“ на ждребот по групи за светското првенство ќе бидат и САД кои во последното квалификацискот коло загубија во Сан Хозе кај Костарика со 0:2, но го сочуваа третото место и директниот пласман за Светското првенство.
На почетокот од вториот дел Костарика со два брзи гола, на Варгас во 51 и Контрерас во 59 минута, го подгреа надежите во чудо кое на крајот не се оствари. Костарика сѐ уште има шанси, зашто како четвртата на табелата ќе игра финале од интерконтиненталните дополнителните квалификации, а последната пречка за Катар ѝ е Нов Зеланд.
Задоволни од претходно оставарениот пласман на мундијалот, фудбалерите на Канада беа поразени на гостувањето кај Панама, Единствен стрелец беше Торес на почетокот од вториот дел.
Хондурас имаше водство кај Јамајка преку пеналот што во 18 минута го реализираше Тахеда, но Бејли во 39 исто така од пенал и Морисон во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме направија пресврт во полза на домаќините.