После среќниот и слободно може да се каже поклонетиот триумф во дуелот против селекцијата на Хрватска, домаќинот на фудбалскиот мундијал, репрезентацијата на Бразил, денеска ќе се обиде да ја поправи расипаната слика со убедлив триумф во дуелот против секогаш незгодниот тим на Мексико.
Знаци за загриженост демострираше и селекторот на Бразил, Луис Филипе Сколари, кој пред натпреварот изјави дека Мексико има тим кој е составен од фудбалски војници.
„Мексико има тим составен од фудбалски војници, од вистински борци. Многу се силни, добро организирани и заслужуваат максимален респект. Секогаш кога играме против Мексико ние имаме големи проблеми. Ја немам точна информација, ја немам потребната статистика, но мислам дека имаме сличен резултат во меѓусебните дуели. Очекувам еден балансиран натпревар. Двата тима играат квалитетн фудбал, со многу додавања. Свесни сме дека со победа ќе обезбедиме пласман во 1/8 финалната рунда”, изјави Сколари.
Дуелот помеѓу Бразил и Мексико стартува во 21:00 часот.