Мексиканските власти пронајдоа повеќе од 340 луѓе во напуштен камион приколка во државата Веракруз, меѓу кои и 103 малолетници без придружба, објави во понеделникот BBC.
Вкупно 343 лица биле пронајдени во возилото во неделата ноќта, соопшти Мексиканскиот Национален институт за миграција (INM). Тие се пронајдени на вообичаената рута по која мигрантите се превезуваат до границата со САД, а се работи за мигранти од Гватемала, Хондурас, Ел Салвадор и Еквадор.
BBC, повикувајќи се на официјални лица, нагласува дека никој не е повреден и дека приколката имала отвори за вентилација. Засега не е познато каде се наоѓа возачот.
Бегајќи од сиромаштијата и насилството во Централна Америка, многу мигранти без документи плаќаат огромни суми во готовина на шверцерите на луѓе за да ги пренесат преку американската граница Минатата година 53 мигранти беа пронајдени мртви во напуштен камион приколка во американската сојузна држава Тексас.
Податоците на граничната патрола добиени од CBS News во октомври покажаа дека најмалку 853 мигранти загинале при обид илегално да ја преминат американско-мексиканската граница во период од 12 месеци.