Градоначалничката Гисела Мота ја презела функцијата на првиот ден од новата година, во петокот, а во саботата наутро била убиена во нејзиниот дом, кога ја изрешетале четири вооружени лица, пишува дневниот весник Ел универзал.
Неколку градоначалници беа убиени минатата година во Мексико, каде што наркокартелите финансираат вооружени банди и целосно ги контролираат многубројните локални заедници.
Гувернерот на покраината Морелос на својот твитер-профил го потврди најновиот напад и најави дека извршителите нема да поминат неказнето.
Мота, поранешна претставничка во Конгресот, беше член на левичарската партија Демократска револуција.
Засега нема информации за мотивите за убиството.
Темиско е град на околу 100 километри јужно од главниот град Мексико. Тој е еден од мексиканските градови со најголема стапка криминал, за што се одговорни вооружени наркогрупи, а еден од нив е картелот „Обединети воини“, кој е осомничен за исчезнувањето на 43 студенти во соседната мексиканска држава.