Меланија Трамп е подобра, но сè уште кашла

Првата дама на САД Меланија Трамп го откажа своето патување на предизборниот митинг во Пенсилванија поради „упорната кашлица“, каде што требаше да му се придружи на нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти нејзината прес-служба.

-Г-ѓа Трамп продолжува да се чувствува подобро секој ден откако се опорави од Ковид-19, сепак, со постојана кашлица и како претпазливост, нема да патува денес, рече во краткото соопштение нејзината портпаролка Стефани Гришам.