Сопругата на претседателот и претседателски кандидат Доналд Трамп, Меланија, се појави на претседателската дебата, првпат во јавноста по веста дека има вирус корона на крајот на септември.
Таа и нејзиниот сопруг се појавија во Тенеси, каде се одржа третата, последна дебата меѓу Трамп и неговиот противкандидат, демократот Џо Бајден, пренесува „Фокс њуз“.
Меланија го привлекла вниманието во црн фустан, а за време на дебатата носела црна заштитна маска и никој не можел да го тргне погледот од неа.
Минатата недела беше објавено дека таа е негативна во однос на вирусот корона, но сепак не се појави на предизборниот митинг на нејзиниот сопруг одржан пред два дена затоа што, според нејзиниот тим, ги чувствувала последиците од вирусот.