Меланија Трамп, сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп (73), го прослави својот 50-ти роденден.
Американската прва дама е родена во словенечкото Ново Место како Меланија Кнавс. По студирањето во Љубљана, Меланија заминала во Милано, а потоа во Париз, каде што работела во модни агенции. Таа се преселила во Њујорк во 1996 година, а само четири години подоцна направила едиторијал за магазинот Sports Illustrated.
Во меѓувреме таа се запознала со Трамп и извесен период ја криеле врската од јавноста. Тие се венчаа на Флорида во 2005 година, а една година подоцна се роди нивниот син Барон (14).
Пред две години, за роденденот на Меланија, Доналд не се однесуваше како кавалер. Тој заборави да ѝ купи подарок, што го дознаа и американските медиуми.
„Подобро да не зборувам за тоа затоа што можам да имам сериозни проблеми. Не ѝ дадов нешто особено за нејзиниот роденден. Немав време да купам подарок, добро?“, рече Трамп во телефонско интервју за американскиот „Фокс њуз“.
Одамна се шпекулира дека нивниот брак не цвета, а авторот Кејт Бенет во книгата Free, Melania: The Unauthorized Biography откри дека двојката има проблеми. Доналд и Меланија не спијат во иста просторија, ниту на истиот кат. Никогаш не ја поминуваат ноќта заедно и се шпекулира дека бракот им е на стаклени нозе со години.
Меланија речиси никогаш не смее да го направи она што навистина сака да го направи. Без дозвола на агентите на Тајната служба, на Доналд и на Меланија не им е дозволено да отворат прозорец, не може да шетаат по тревникот без да се затвори и обезбеди областа, па дури и температурата е регулирана од безбедносните служби.
Сепак, таа никогаш не штеди на облека. Минатата година потроши 250.000 долари за облека. Меланија има вкус за мода бидејќи се движела во тој свет, а исто така е и првата американска дама која позирала гола, иако тоа било три години пред да го запознае Трамп.