Мелони ја загуби Сардинија на регионалните избори

Италијанскaта премиерка Џорџ Мелони ја загуби власта на медитеранскиот остров Сардинија, со што на нејзината десничарска коалиција со што нејзината десничарска владејачка коалиција го доживеа првиот голем изборен неуспех откако Мелони ја презеде функцијата во 2022 година, покажаа резултатите од изборите објавени во вторникот.

Алесандра Тоде, членка на левото порано евроскептичното и антиестаблишмент Движење пет ѕвезди поддржано од Демократската партија (PD), освои 45,4 отсто од гласовите на изборите во неделата, надминувајќи го Паоло Труцау кандидатот избран од Мелони, кој освои 45,0 отсто.

И со уште некои гласачки ливчиња за пребројување, Труцу веќе го призна поразот додека Тоде ја прослави својата победа заедно со шефот на PD, Ели Шлајн и поранешниот премиер Џузепе Конте, водачот на Пет ѕвезди. „Почнуваат да дуваат различни ветрови“, рече Шлајн.

Тоде, поранешна функционерка во владината канцеларија за индустрија и успешен менаџер, ќе биде првата претседателка на островот и првиот челник на италијански регион од Движењето пет ѕвезди.

Тоа е, исто така, првпат левиот центар да успее да ја промени волјата на гласачите во Сардинија од 2015 година, давајќи им на опозициските партии поттик пред уште четири регионални избори оваа година и изборите за Европскиот парламент во јуни.

„Сардинија го урна митот за политичката непобедливост на Мелони“, рече Франческо Галиети од институтот за политички ризик Policy Sonar.

Блокот на премиерката, вклучувајќи ја и нејзината партија Браќа на Италија (FdI), како и Лигата и Форца Италија, победија на сите четири регионални избори одржани во 2023 година и сè уште контролираат 14 од 20-те региони во Италија.

Анкетите покажуваат дека десничарската коалиција води и на национално ниво, иако Лигата изгледа сѐ покревка, што го доведува во прашање опстанокот на нејзиниот лидер Матео Салвини. Неговата партија освои само 3,7 отсто од гласовите на Сардинија, во споредба со 11,4 отсто на последните регионални избори на островот во 2019 година.

Следното регионално гласање во Италија ќе биде на 10-ти март во Абруцо, централниот регион источно од Рим, каде Демократската партија и Движењето пет ѕвезди повторно ги здружија силите.

Браќата на Италија на Мелони водат во националните анкети со околу 28 отсто, додека Демократската партија има околу 20 проценти, а Движењето пет ѕвезди 16 отсто.