Италијанската премиерка Џорџа Мелони во саботата на комеморацијата во Базовица го критикуваше „непростливиот молк“ со децении наназадд за Италијанците кои биле убиени од југословенските партизани во фоибите (карстните јами) во текот и по Втората светска војна, пренесе италијанската службена новинска агенција Ansa.
Кај Националниот споменик за жртвите во фојбите во Базовица близу Трст, Мелони изјавила дека на ова место доаѓала „многупати како девојче“ и дека тогаш оние коишто го правеле тоа бивале „обвинувани и изолирани“.
„Се вратив како возрасна личност за конечно да го одбележам денот на сеќавањето кој еднаш засекогаш го збирша непростливиот заговор на молчење што со децении ја прекриваше трагедијата на фојбите и ја држеше во заборав оваа драма на егзодусот“, порачала Мелони, пренесува Ansa.
„Тука сме во името на институциите на оваа Република да измолиме прошка за погрешниот молк кој со децении ги опкружува настаните на нашата источна граница“, додала италијанската десничарска премиерка.
Од 2004 година Италија го одбележува 10-ти февруари како Ден на сеќавањето на жртвите на фојбите и егзодусот на Италијанците од Далмација, Истра (денес во Хрватска) и Јулијска Краина (денес во Словенија).
Мелони истакнала дека Италијанците од Истра, Далмација и Риека „за да останат Италијанци, одлучија да остават сѐ – куќите, имотите, земјата“ и „да останат со единственото она што Титовите комунисти не можеле да им го одземат – нивниот идентите“.
Мелони во Базовица ја придружувале вицепремиерот и министер за надворешни работи Антониот Тајани и министерот за култура Џенаро Санџулијано. Венци положиле и претседатлоте на регионот Фриули (Фурланија)-Јулиска краина, Масимилиано Федрига и градоначалникот на Трс, Роберто Дипијаца, пренесе словенечката службена новинска агенција STA.
Дипјаца му се заблагодарил на пратеникот од Фриули-Јулијска краина во долниот дом на италијанскиот парламент кој предложи одземање на државното одликување на југословенскиот комунистички водач Јосип Броз Тито особено поради повоениот масакр и егзодус на Италијанците од трите споменати региони на јадранскиот брег.
Ден претходно, италијанскиот претседател Серџо Матарела, исто така, го критикуваше „ѕидот на молчењето и заборавот“ во Италија вов рска со „ужасните страдања на илјадиниците Италијанци масакрирани во фојбите или проголтани во концентрационите логори, масовно натерани да ги напуштат своите домови, својот имот, сеќавањата, надежите, земјите во кои живееле, кога биле соочени со заканата од затвор, ако не и физичките елиминации“.
Италијанскиот претседател рече и дека во „маченичката“ погранична облат на само неколку кулометри оддалеченост се наоѓаат Фојба Базовица и нацистичкиот концантреционен логор и логор на истребување“ во фабриката за ориз во Трст (Risiera di San Sabba). Според југословенската историографија, во овој логор под управа на нацистичките SS-дивизии, најмногу биле убиени Хрвати и Словенци.
„Тоа се два симбола на катастрофата и на тоталитаризмот“, рече Матарела. „Рижарната е симбол на расизмот и идеолошкиот и националистичкиот фанатизам“, додека Базовица е „едно од местата каде што свирепоста на Тито е манифестирана против италијанската заедница“.
Масакрите во фојбите и егзодусот на Италијанците биле „болна траума“ за младата Република Италија „соочена со тешкото наследство на земја поразена во војната“. „Овие настани претставуваат трагедија која не може да биде заборавена“, прача Матарела, кого го цитира Ansa.
„Обидите за заборавање, негирање или омаловажување претставуваат навреда за жртвите и нивните семејства и предизвикуваат непроценлива штета на колективната совест на еден народ и нација“, додаде италијанскиот претседател.
Десничарската влада на Џорџа Мелони кон крајот на јнуари одобри формирање музеј, којшто, според миистерот за кулура Џенаро Санџулијано, е „историска должност кон прогонетите од Истра, Риека и Далмација кои страдале под комунистичката диктатура на Тито“.
Се проценува дека во војната и во повоениот период се убиени илјадници, како и дека најмалку 300.000 Италијанци биле принудени во и особено по Втората светска војна да се отселат од Далмација, Истра и јадранските острови.
Особено хрватската историска наука тврди дека, покрај автохтионите околу 188.000 автохтони истарски и риечки Италијанци, станува збор и за 39.700 доселеници на италијанско населени во рамјите на „италијанизација“ на регионот меѓу двете војна, и 24.00 лица доселени како административен и воен персонал и нивните семејства.