Мелони има убедливо мнозинство во парламентот на Италија

Rome, Italy, 25 September 2022. ANSA/ETTORE FERRARI

Италијанската крајно десна партија Браќа на Италија (FdI), којашто ја предводи Џорџа Мелони, освои 26 отсто од гласовите на неделните парламентарни избори, а нејзината десна коалиција има уверливо мнозинство во парламентот, покажуваат конечните резултати од изборите објавени во вторникот.

Нејзиниот сојузник Матео Салвини од партијата Лига освои 8,8 отсто од гласовите, додека Напред Италија на поранешниот премиер Силвио Берлускони освои 8,1 отсто гласови во долниот дом на парламентот, објави министерството за внатрешни работи.

Десниот блок севкупно освоил 43,8 отсто од гласовите, што значи дека во долниот Претставничкиот дом ќе располага со 237 од 400 мандати, додека во Сенатот (горниот дом) ќе има 115 од 200 пратеници, со што остварил уверливо мнозинство.

Демократската партија (PD) од левиот центар освоила 19 отсто од гласовите. Оваа партија со помалата еколошка партија ќе располага со 84 места во Претставничкиот дом и со 44 во Сенатот.

Поранешното антиестаблишмент и евроскептичко Движење пет ѕвезди (М5Ѕ) освоил 15,4 отсто од гласовит. Така во Претставничкиот дом ќе има 52 мандати а 28 во Сенатот.

Центристичкиот блок Аѕионе освои 7,8 отсто од гласовите, со 21 пратеник во долниот дом и девет во горниот. Преостанатите мандати им припаѓаат на помалите партии.

Мелони би требало да стане првата жена на чело на италијанската влада, а по изборната победа порача „Ќе владееме во ползата на сите“.

Нејзината партија Браќа на Италија, токму на харизматичната Мелони го презема приматот во десничарскиот табор. Аналитичарите велат дека работела многу својата партија да ја направи „салонска“ и де се ослободи од постфашистичката етикета која ја следеше. Партијата е основана во 2012 година на темелите на постфашистичката партија Италијанско општествено движење којашто престана да постои во 1990 година.