Мелони си ја носела ќеркичката на самитот на Г20

Италијанската премиерка Џорџа Мелони се бранеше од критиките затоа што ја повела својата шестгодишната ќеркичка на самитот на Г20 на индонезискиот остров Бали.

По два дена „неуморна работа“, се соочила со „неверојатната расправа“ за тоа било дали било исправно да ја поведе ќерката со себе во текот на четирите дена колку што била отсутна, напиша крајно десната политичарка Мелони на Facebook во средата.

Некои медиуми од вторникот известуваат дека Мелони на самитот допатувала со својата шестгодишна ќерка и нејзината дадилка.

„Мислите дека ве засега како јас ја воспитува својата ќерка?“, запраша Мелони во објавата за „иницијаторите“ на јавната расправа.

Четириесет ипетгодишната челничка на радикалната десничарска партија Браќа на Италија (FdI), истакнува дека има право да даде сѐ од себеси за државата, а притоа својата ќерка да не ја лиши од мајка ѝ.