Склучен Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот „Св. Апостол Павле” и компанијата „Ендава”

Склучен Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот „Св. Апостол Павле” и компанијата „Ендава”. Ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле” Охрид – Нинослав Марина и менаџерот на „Ендава – Скопје” Ендру Браун, склучија Меморандум за соработка.

Со Меморандумот се предвидува интензивирање на соработката помеѓу Универзитетот и компанијата на полето на реализација на студентски стажирања, заедничка работа на реализација на стручни и научни проекти, размена на научни информации и практични искуства.

Склучен Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот „Св. Апостол Павле" и компанијата „Ендава"
Склучен Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот „Св. Апостол Павле” и компанијата „Ендава”

Соработката со „Ендава” ќе ги прошири можностите за усовршување на нашите студенти,  преку стажирање да стекнат вредни искуства за начинот на кој функционира  една современа интернационална ИКТ компанија. Се надеваме дека соработката со „Ендава” и нивното искуство во опслужувањето на големи компании од банкарската и осигурителната индустрија, ќе најде соодветна примена во надградување и унапредување на образовните програми и апликативните активности на Универзитетот – изјави ректорот на Универзитетот Нинослав Марина.

По повод склучувањето на Меморандумот, пред присутните се обрати менаџерот на „Ендава” Ендру Браун.

Како секоја сериозна компанија од областа на информатичките и комуникациските технологии „Ендава” посветува особено внимание на воспоставувањето соработка со високообразовните институции од областа на информатиката. Ваквата соработка е од корист за сите, а ние како компанија сме заинтересирани да инвестираме во развојот на образованието бидејќи нашите идни вработени ги регрутираме токму од редовите на успешните инженери по информатика, рече Браун.