„Меморија“ по пет години пауза ве кани на незаборавен концерт!

Македонската музичка група „Меморија“, со која израснаа генераци и генерации, повторно се собра и  поканува на незаборавна забава. Култната група ќе одржи концерт на 11 јуни на стадионот на АРМ.

А, ние до ден-денес ги пееме евергрините „Македонија“, „Оган под ѕвездите“, „Дирлада“, „Илјада песни“… И, едвај чекаме повторно да ги слушнеме и пееме во глас нивните хитови!

Членовите на култната група вчера ја одржале и првата проба. Најавата за концертот ја објавија на својата официјална страница на Фејсбук.

„Бидна и првата проба, сите на куп, една фотка и после: СВИРКААА! Можам да ви кажам дека не сме заборавиле многу. По пет години несвирење. Меморија цела да е, секој да ја знае. Се гледаме на 11 јуни на стадионот на АРМ“, објавија од бендот.

Основана е во 1984 година, на почетокот свиреле поп-рок, а основачи на групата се гитаристот Душан Трпковски – Ринго и Петар Георгиевски (свирел бас гитара).

„Меморија“ направи неколку снимки на старите песни. Темите: „Дирлада“, „Дек’ си бе цимер“ (од репертоарот на групата „Пеницилин“) кои беа дел од нивниот последен студиски албум – „Меморија 5“.

Во 2017 година одржаа концерт во „Метрополис Арена“.

Потсетете се на едни од најголемите хитови на оваа култна група: