Менаџментот на МЕПСО поделил награди на 100 вработени пред да бидат сменети

Во петокот бил разрешен надзорниот добор во МЕПСО, дознава Телма. Новиот одбор утре треба да назначи и нов директор. На чело на компанијата во моментов е Зуди Енуз, а негов заменик е Никола Рилак.

Членови на Надзорен одбор се Назиф Буши, проф.д-р Николче Ацевски, Дарко Тасев, Мусли Муслиу, проф.д-р Владимир Димчев и Јане Миланов.

Телма дознава дека во петокот по разрешувањето на надзорниот одбор, од МЕПСО во УЈП испратиле пресметка за исплата на награда во висина од 30% од плата з околу 100 вработени. Два извори од енергетскиот сектор ја потврдија информацијата.

Државниот ревизор во последниот извештај за МЕПСО констатираше дека МЕПСО отпишал долг од 14 милиони евра на фирми-трговци со струја. Но, од МЕПСО негираа со тврдење дека “долгот бил резервиран”.