![Тони Менкиновски](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/03/toni.png?resize=605%2C406&ssl=1)
Последните пораки од официјална Софија се со цел да се откажеме од Македонците во Бугарија кои имаат добиено повеќе пресуди од судот во Стразбур, а поради кои официјална Софија е притисната од меѓународните организации, изјави во интервју за трелевизија Канал 5, Тони Менкиновски, адвокатот и застапник на здруженијата на Македонците во Бугарија.
– Ова што се случува е очекувано и има основа во Резолуцијата на Советот на министри каде што се бара до јуни 2021 година во Бугарија да бидат регистрираат сите македонски организации каде што е нагласена етничката припадност во овие организации. Софија ја манипулира ситуацијата и врши притисок врз Македонија и Македонците во Бугарија при што објавува нескриена агресија, што асоцира на 1941 година, при што наведува дека правата на Бугарите во Македонија се загросени и дека тие ќе ги искористат сите меѓународни алатки да извршат агресија врз земјава.Тоа фактички е порака за Македонците во Пиринскиот дел за да се откажат од сопствените права – вели Менкиновски.
Поради ваквото однесување, додава тој, Софија се соочува со можност да биде исфрлена од Советот на Европа.
-Тоа е главниот проблем на Бугарија – вели адвокатот.
Според него, Владата треба овој проблем да го крене на меѓународно ниво и тоа пред се во НАТО каде што е членка.
Менкиновски вели дека сега треба добро да се прочитаат договорите на земјава со Бугарија и Грција и да се види дали земјава се откажала од правата на Македонците во овие земји.