Пожарот е локализира, не дозволивме да се прошири на другите станови, изјави командирот на скопската противпожарна бригада, Благоја Менковски по интервенцијата на пожарот што изби во стан на 11-тиот кат од зграда на улицата Велко Влаховиќ во центарот на Скопје.
Менковски вели дека при интервенцијата нема повредени пожарникарите.
„Од станот се опожарени две простории, додека другите се само зачадени“, рече Менковски.
Во моментов полициска екипа врши увид во изгорениот стан со цел да се утврдат причините за пожарот.