МЕПСО ги предупредува земјоделците за внимателно рекување со механизацијата во близина на далноводите

АД МЕПСО ги предупредува земјоделците во екот на сезоната за наводнување и жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далекуводите од преносната мрежа. Од исклучително значење е земјоделците да се придржуваат кон следните напаствија:

  • Не поминувајте со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците
  • Не поставувајте цевководни системи за наводнување под проводните јажиња во далекуводните траси
  • Не ги кревајте во височина металните цевки од системите за наводнување под проводните јажиња на далекуводите бидејќи металот е проводник на електрична енергија 
  • Не ги поставувајте прскалките за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далекуводите од преносната мрежа. Допирот на водениот млаз со проводните јажиња може да биде кобен по животот на луѓето кои се наоѓаат под трасата на далекуводот
  • Не палете стрништа во близина на далекувод бидејќи се загрозува доверливоста на електроенергетскиот систем

Дополнително апелираме спортските риболовци да бидат особено внимателни при манипулација со риболовните стапови во близина на далекуводи, а граѓаните да не вршат градежни работи на трасите на далекуводите, под јажињата за пренос на електрична енергија.

Да бидеме одговорни и да се грижиме за сопствениот живот и за животот на другите! Не загрозувајте ја доверливоста на електропреносниот систем!, соопштија од МЕПСО.