
Мебел, кујни, гарнитури, столчиња, гардеробери, полици, треба да набави АД МЕПСО. Тендерот во кој главниот криетериум е најниската цена е веќе објавен на електронскиот систем на Бирото за јавни набавки. Вредноста на тендерот без ДДВ е 21.525.000 денари или повеќе од 350 илјади евра.
Во тендерот пишува дека набавката на кујните предвидува изработка, транспорт и монтажа. Во техничката спецификација пишува дека ергономските, огноотпорни и тапацирани со телешка кожа столчиња се за генералниот директор, за шефот на оддел и за секретарката на директорот на сектор. Освен тоа, овие столчиња треба да имаат висок потпирач за грб и со антишок функција.