МЕПСО и ЕЛЕМ со целосна поддршка на Владата се во процес за формирање на берза за електрична енергија како организиран пазар на кој ќе се формираат транспарентни ценовни сигнали. Во тој процес планирано е место и за странски партнер кој има искуство во формирање и управување со берзи за електрична енергија.
Ова го истакнува генералниот директор на АД Мепсо Синиша Спасов во интервјуто за МИА што подоцна ќе биде објавено во целост.
„Тие ценовни сигнали ќе бидат коректор и индикатор за сите економски субјекти во земјава и во регионот затоа што сите околни земји се исправени пред предизвикот за формирање берзи за електрична енергија. Берзата бара исполнување на многу технички, законски и системски предуслови за да може да почне да функционира успешно. Целта е да биде ликвидна, односно да има доволно електрична енергија за тргување за да биде проектот самоодржлив“, нагласува Спасов.
Тој посочува дека за берзата ќе се користат словенечките искуства, бидејќи во Словенија функционира берза за електрична енергија уште од 2001 година.
Оценува дека македонскиот електро-преносен систем оператор е подготвен за претстојната зимска сезона и оти може да издржи зголемено оптоварување доколку температурите бидат екстремно ниски.
„Надлежните и стручните лица на АД МЕПСО ги превзедоа сите потребни мерки и ги спроведоа сите редовни активности за подготовка на преносната мрежа пред отпочнување на грејната сезона во земјава, кога очекува и зголемени товари на преносната мрежа. Согласно со годишниот план за работа се извршени сите планирани ревизии на опремата во трансформаторските станици и на далноводите во мрежата на А.Д.МЕПСО“, посочува Спасов.
Во интервјуто генералниот директор на АД МЕПСО зборува и за изградбата на далноводите Штип-Ниш и Битола-Елбасан, кредитниот аранжман со ЕБОР,…