МЕПСО со предупредување до земјоделците во сезона на жетва и наводнување

АД МЕПСО ги предупредува земјоделците во екот на сезоната за наводнување и за жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со додатната земјоделска опрема во близина на далеководи од преносната мрежа.
– Не поминувајте со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците, – не поставувајте цевководни системи за наводнување под проводните јажиња во далноводните траси, – не ги кревајте во височина (вертикално) металните цевки од системите за наводнување под проводните јажиња на далекуводите бидејќи металот е проводник на електрична енергија и се изложувате на огромен ризик. – Не ги поставувајте прскалките за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далноводите од преносната мрежа. Допирот на водениот млаз со проводните јажиња може да биде кобен по живот на лица кои се наоѓаат под трасата на далеководот, – не палете стрништа во близина на далековод бидејќи се загрозува доверливоста на електроенергетскиот систем.
-Дополнително апелираме спортските риболовци да бидат особено внимателни при манипулација со риболовните стапови во близина на далеководи, а граѓаните да не вршат градежни работи на трасите на далеководите, под јажињата за пренос на електрична енергија, апелираат од МЕПСО.