Mercedes-Benz повлекува 135.000 возила поради неисправна клима

Германскиот произведувач на автомобили „ Mercedes-Benz“ поради можна грешка во системот за климатизација би можел од пазарот да повлече 135.000 автомобили.

Цевката за кондензација за водат во моделот од Акласата, пдоеизведена меѓу септември 2017 и февруари 2019 година, можеби е лошо поставена, па водата би можела да влегува во внатрешноста на автомобилот, објави матичната компанија „Daimler“.

Околу 26.000 автомобили со можната грешка се регистрирани во Германија, а остатокот во странство, според податоците на германската Сојузна управа за моторен сообраќај.

Од „ Mercedes-Benz“ повикаа и на повлекување на 20.000 возила од моделите на класите C, GLC и AMG GT, произведени меѓу април 2018 и ноември 2019 година, поради можна грешка на софтверот. Во Германија, според извештаите, има околу 3.900 автомобили со ваква грешка.

Во двата слуачи грешката би можела да се поправи за половина час, известија од „Daimler“.