
Автомобил „Мерцедес“ со тетовски таблички вчера прегази седумгодишно дете од Тетово, кое се движело по регионалниот пат Тетово – Јажинце.
Возачот го зел детето и веднаш го однел во тетовската клиничка болница, но оттаму тоа било пренесено на скопските клиники поради сериозноста на повредите со кои се здобило.