Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го прифатио рано утрото по локално време во петокот законот за финансирање на сојузната валда до 23-ти марти и зголемување на лимитот за потрошувачката во следните две години, и го упати на потпишување на претседателот Доналд Трамп.
Законот, кој е прифатен со 240 наспроти 186 гласови од конгресмените, би требало да ја заврши финансиската блокаа на институции којашто започна во полниќ откако истече досегашното привремено финансирање на владата. Се очеквуа дека американскот претседател Доналд Трамп ќе го потипе законот многу скоро, со што тој ќе стапи на сила.
Сенатот го прифати само неколку часа претходно буџетот на две години и законот за привремено финансирање на владата изгласан со поддршка на 71 сенатор наспроти 28, а потоа влезе и во Претставникиот дом, а како и што претходно беше најавено таму пратениците на Демократската партија нема да го поддржат.
Прекинот на работата на владата технички настапи на полноќ, и тоа е веќе вторпат во оваа година во администрацијата на претседателот Доналд Трамп, кој имаше мала улога во обидите на партиските челници претходно оваа седмица да ги прекинат натегањата околу буџетот кои траат со месеци наназад.
Прифаќањето на буџетот во Сенатот доцнеше поради тоа што републиканскиот Сенатор од сојузната држава Кентаки, Ренд Пол, дури девет часа говореше против претераната потрошувачка.
Во својот маратонски говор поради кој колегите го загубија трпението, сенаторот Ренд Пол рече дека големиот буџет всушност претставува „грабеж на министерството за финансии“.
Меѓутоа, блокада на владата беше куса зашто Претставничкиот дом брзо реагираше и практично немаше прекин во функционирањето на сојузната држава. Првата блокада во јануари траеше три дена.
Буџетот е зголемен за 300 милијарди долари за да се задоволи на барањето за зголемување на трошоците за одбраната, како и за јавната потрошувачка во текот на двете следни години.
Пентагон добива 80 милијарди долари зголемување за тековната буџетска година за основните одбранбени програми, што е зголемување од 14 отсто во однос на моменталната состојба и го надминува барањето на претседателот Трамп за 26 милијарди долари. Неодбранбените програми добиле околу 60 милијарди долари повеќе од сегашната сума. Овие бројки благо се зголемиле за фискалната 2019 година којашто започнува на 1-ви октомври.
Договорот во Сенатот содржи и речиси 90 милијарди долари за помош на сојузните држави Тексас, Флорида и Порторико кои беа опустошени од урагани и други природни катастрофи.