Мерката „Викенд без ДДВ“ најрано на крајот од август, и само за корисниците на апликациајта „Мој ДДВ“

Фатмир Битиќи, економски советник на Владата за третиот пакет економски мерки на прес-конференцијата во понеделникот појасни дека најавената мерка „Викенд без ДДВ“, ќе се спроведе на крајот на август или почетокот на септември, и ќе биде може да ја користат само корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“.

Како што рече советникот по економски прашања во кабинетот на премиерот во Владата, мерката „Викенд без ДДВ“ всушност траба да биде поголем поврат на данокот.

Најверојатно тоа ќе значи дека граѓаните и тогаш ќе треба да ги скенираат фискалните сметки преку апликацијата на Управата за јавни приходи, а парите ќе ги добиваат на сметка исто како и проектот „Мој ДДВ“.

„Тоа ќе биде поголем поврат на ДДВ преку сегашното софтверско решение на УЈП. Само корисниците на апликацијата ‘Мој ДДВ’ ќе може да учествуваат. Злоупотребата ќе биде минимална“, уверува Битиќи.

Појасни дека со мерката „Викенд без ДДВ“ планот е да се поттикне потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори, како што се продавници за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги. Со ваквата мерка се очекува дополнителен приход од 20 милиони евра кои ќе треба да се слеат во македонското стопанство.