Меркел ја критикуваша најавата за анексија на Јорданската Долина

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ја критикуваше најавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изречена минатата недела дека планира да ја анектира Јорданската Долина на Западниот Брег. Меркел потенцира дека таа изјава им нанесува штета на преговорите за мировен договор.

– Германската Влада ги поддржува меѓународните преговори за изнаоѓање мировно решение во смисла на решение за две држави. Анексиите се секогаш штетни за мировните решенија, изјави Меркел на денешната заедничка прес-конференција со јорданскиот крал Абдула.

– Планот кој го најави Нетанјаху е катастрофа за секаков обид за постигнување решение за две држави, истакна кралот Абдула.