Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека кризата која се случи поради Украина, би требало да се реши со политички средства, без наметнување на економски санкции кон Русија.
Меркел во Берлин изјави дека Западот не ја достигна фазата која подразбира наметнување на економски санкции кон Русија, пренесува руската агенција Итар Тас. Меркел тоа го ијзавила по разговорот со јужнокорејскиот претседател Парк Геун.
„Се надевам дека ќе успееме да ги избегнеме санкциите,“ изјави Меркел и додаде дека не е заинтересирана за ескалација туку напротив, работи на деескалација на ситуацијата.
Германските стручњаци велат дека економските санкции против Русија, можат негативно да се одразат на германската економија, пренесува руската агенција. Германско-руската трговија во 2013 година достигна 76 милијарди евра, околу 6000 герамснки компании работат во Русија, вкупниот обем на нивните инвестиции изнесува 20 милијарди евра и околу 300 илјади работни места во Германија зависат од односите меѓу Германија и Русија, наведува Итар-Тас.