Германија се обидува да помогне да се евакуираат Авганистанците кои соработувале со нејзните воени сили и хуманитарни организации и по 31-ви август, рече во средата канцеларката Ангела Меркел и повика на дијалог со талибаните поради зачувување на достигнувањата остварени во 20-те години западна присутност во Авганистан.
„Завршувањето на воздушниот мост за неколку дена не смее да значи престанок на напорите да се заштитат авганистанските помошници и да им се помогне на оние Авганистанци кои останеле во голема опасност откако талибаните ја преземаа власта“, изјави Меркел во германскиот парламент.
„Поради тоа интензивно работиме на сите нивоа за да изнајдеме начин на кој можеме да ги заштитиме оние кои ни помагаа, вклучително и цивилната операција од аеродромот во Кабул“, додаде германската канцеларка.
Германските вооружени сили досега евакуирале повеќе од 4.500 луѓе, од кои 3.700 се државјани на Авганистан, од коишто се половина се жени и девојчиња, според информацијата на германското министерство за надворешни работи.
Меркел во средата повторни дека меѓународната заедница мора да се „разговара со талибаните“ кои се вратија на власт и така да се направи обид да се зачуваат придонесите кои Западот ги воспоставил во Авганистан кога пред две децении распореди странските војски во земјата.
„Нашата цел мора да биде да се зачува колку што е можно повеќе промени коишто ги спроведовме во изминатите 20 години во Авганистан… Меѓународната заедница мора за тоа да тразговара со талибаните, бидејќи тие се стварност во Авганистан… Таа нова стварност е горка, но со тоа мораме да се соочиме“, порача Меркел.
Напредокот остварен од 2001 година, кога со странската инвазија беше соборен првиот талибански режим, Меркел го илустираше со пристапот до вода за пиење.
„Денес речиси 70 отсто од Авганистанците имаат пристап до питка вода, а пред дваесет години тоа го имаа 20 отсто“, рече канцеларката.
Смртноста на децата се преполовила за помалку од дваесет година, продолжи Меркел.
„Историјата покажува дека за многу работи е потребно многу време. Токму од таа причина не смееме да го заборавиме Авганистан, и нема“, порача Меркел.
„Цврсто верувам дека никакво насилство, никаква идеологија не може да го запре тежнеењето по правда и мир“, рече Меркел која во септември ќе се повлече од канцеларската должност по 16 години.