Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека под сегашните услови Групата од осум (Г-8) веќе не постои и отсега ќе биде Г-7.
Во следните неколку денови Европската унија и Г-7 ќе ги објават конкретни промени во односите со Русија, поради присоединувањето со Крим, пренесе „УНН“.
„Тоа е очигледно, нема политички услови за таков важен формат како Г-8 и тој веќе не постои, ниту средбата, ниту форматот како таков“, истакнала Меркел за време на обраќањето пред Бундестагот.
Групата од осум (Г-8), порано Г-6 или група од шест и Г-7 или група од седум, претставува форум формиран во 1975 година од страна на Франција, за владите на шесте најбогатите земји во светот: Франција, Германија, Италија, Јапонија, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави. Во 1976 година, Канада се приклучува на групата, со што се создава Г-7. Во 1997 година се приклучува и Русија, со што се создава Г-8. Иако Европската унија е претставена во рамките на Г-8, таа не може да биде домаќин или претседавач