Башар ал Асад е целосно одговорен за американските ракетни напади врз базата на сириските Воено воздухопловни сили, нагласија германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд.
– Американски ракетни напади во Сирија се операција, која Франција ја побара уште во 2013 година, по претходниот напад со хемиско оружје, изјави Оланд.
– Воениот објект на сирискиот режим, кој е користен за бомбардирањето со хемиско оружје беше разурнат синоќа во американските напади. Асад е целосно одговорен за овие случувања, се наведува во заедничката декларација на Меркел и Оланд, јави ДПА.
– Тој требаше да биде санкциониран за повеќекратната употреба на хемиско оружје од неговиот режим и злосторствата врз неговото население, се додава во декларацијата.
Оланд и Меркел изразуваат поддршка за ракетните напади на САД и нагласуваат дека биле информирани пред Вашингтон да преземе акција за нападите.