Канцелрката Ангела Меркел и Владимир Путин, претседателот на Русија, се сретнаа во Москва за последен пат на високо ниво, бидејќи Меркел заминува од политичката сцена.
Путин на почетокот на разговорот со германската канцеларка во Кремљ изрази уверување дека нејзината посета на Москва нема да биде само проштална, туку и значајна во содржинска смисла.
РТ на својот Инстрагам објави:
„Потврдено
Тој непријатен момент кога ќе заборавите да го ставите телефонот да ѕвони без звук…
Путин и Меркел се состанаа веројатно за последен пат во петокот.
Меркел доби повик пред камерите.
Сепак, таа веднаш ја спушти слушалката, па Џо Бајден веројатно ќе треба да почека“.
https://www.instagram.com/p/CSzJiu_o_K6/?fbclid=IwAR0AaygKP-F6SKXWnWUeJ79PuzM-c7vEC9DG-3iKXlBX9vLfGytnkaEBaFw
Да потсетиме, Меркел и Путин се познааваат уште од времето на студената војна кога и двјацата работеа за тајните служби на СССР и Источна Германија. Нивното пријателство се манифиестираше и во текот на политичката кариера како први луѓе на Германија и Русија.
„Одржуваме постојан контакт по телефон, но има многу прашања за кои треба да се зборува очи во очи. Сигурен сум дека ова нема да биде само ваша проштална посета по која решивте да не се кандидирате за нов мандат, туку и посета исполнета со сериозна работна содржина“, ѝ кажа Путин на гостинката.
Тој истакна дека Германија останува еден од главните економски партнери на Русија во Европа и светот, пренесува ТАСС.
Оцени дека работата на руско-германските билатерални механизми, групи и форуми, како Годината на Германија во Русија, е посветена на економскиот развој.
Како што претходно беше најавено од Кремљ, двајцата лидери ќе разговараат за состојбата и иднината на билатералната соработка во разни сфери како и за бројни актуелни меѓународни и регионални прашања.
Ова е прв средба на Путин и Меркел од почетокот на пандемијата во декември 2019 година.
Putin, Merkel ile olan görüşmesine çiçekle geldi. pic.twitter.com/MuQCn0icqY
— anekdot Haber (@AnekdotHaber) August 20, 2021