Се зголемува популарноста на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, иако таа веќе некое време не е во политиката, ниту на чело на владата.
Според најновата анкета на ИНСА, спроведена за весникот „Билд“, Меркел не само што се наоѓа на прво место како најомилена германска политичарка, туку нејзината предност е зголемена во последниот месец и покрај тоа што се повлече од политиката.
Поранешната канцеларка сега има поддршка од 59,3 отсто од граѓаните на Германија, што е за три процентни поени повеќе во однос на резултатите од анкетата спроведена на 29 ноември минатата година.
На второ место на наjпопуларни германски политичари е министерот за здравство Карл Лаутербах, додека на третото место се наоѓа актуелниот канцелар Олаф Шолц со 51 процент поддршка на испитаниците.