Во интервју за рeгионалниот дневник „Вестфленпост“ од Северна Рајна Вестфалија, германската канцеларка Ангела Меркел се заложи за дипломатско решавање на украинската криза, со што како што пренесуваат медиумите, им „отчитала лекција“ на сите кои имаат воени размислувања.
Меркел нагласил дека сите претставници на регионот и украинското општество, кои се изјаснуваат против насилството, мораат да бидат вклучени во наионалниот дијалог и дека само таа лично „во таа тешка фаза“ може секогаш отпочеток да разговара со рускиот претседател, Владимир Путин.
Истовремено, Мекел, и се закани на Москва со нови, уште построги санкции, доколку „Русија не се ангажира да ја стабилизира ситуацијата“.
Во меѓувреме шефот на германската дипломатија, Френк Волтер Штајнмајер, по трет пат од избивањето на кризата допатува во Украина за да помогне во воспоставувањето дијалог меѓу Владата во Киев и сепаратистите, по референдумот и прогласувањето на независност на источните региони Доњецк и Луганск.
Штајнмајер на киевскиот аеродром се состанал со украинскиот премиер Арсениј Јацењук, пред да продолжи за Одеса, која беше седиште на судири меѓу украинските сили и бунтовниците, пренесе Ројтерс.
Оценувајќи дека ситуацијата во некои делови на Украина и понатаму е опасна, тој нагласил дека претстоечките претседателски избори во таа земја се од клучно значење и изразил надеж дека одзивот на истите ќе биде голем.