Германкста канцеларка Ангела Меркел денеска го отвори новиот комплекс на германската Федерална разузнавачка служба (BND).
Комплексот во Берлин е граден 12 години , а трошоците се над милијарда евра. Големината на комплексот на разузнувачката служба е колку 6 фудбалски игралишта.
Вработените во него не смеат да внесуваат приватни мобилни или лаптопи. Не смеат да ги проверуваат ниту приватните меил адреси , ниту на социјалните мрежи.
На крајот на работниот ден , сите картички за влез во зградата се заклучуваат во сеф. Зградата се наоѓа во близина на Берлинскиот ѕид и е една од најтајните згради во Германија.
Во светот кој е често збунувачки , сега повеќе од кога било , на Германија и е потребна силна и ефикасна разузнувачка служба , рече Меркел на отворањето на најголемата зграда на светот со ваква намена.