Меркел најави трговски рестрикции за Анкара поради апсења

Германската канцеларка Ангела Меркел во саботата истакна дека Германија нема да има друг избор туку да ги ограничи своите економски врски со Турција за да се изврши притисок врз оваа земја со којашто е партнер во НАТО да ги ослободи германските државјани затворени од политички причини.

Односите меѓу двете земји започнаа откако германските власти минатата година им забранија на турските политичари да се појавуваат на политички собири меѓу големата турска дијаспора во Германија во кампањата за референдумот за уставните измени со кои се прошируваат овластувањата на претседателот на турската држава. Покрај тоа, Берлин ѝ забележува на Анкара за масовните чистки и апсења на своите противници по неуспешниот обид за воен преврат од 15-ти јули 2016 година. Германија и нејзините партнери во Европската унија сметаат дека тоа се поткопува демократијата.

Турција и Германија, кои ги расипаа односите пред две години кога германскиот парламент изгласа резолуција со којашто масовните гинења на Ерменците во текот на Првата светска војна во Османлиското царство ги означи како геноцид, што Анкара никогаш не го прифати.

Двете земји се во судир и поради одбивањето на Берлина да ги екстрадира барателите на азил кој Турција ги обвинува дека се дел од мрежата на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулан кој живее во доброволен егзил во САД од 1999 година која е обвинета за неуспешниот пуч и формирање „паралелна држава“ во институциите.

„Ќе мораме натаму да ја кастриме нашата заедничка економска соработка со Турција и да ги разгледаме проектите“, порача германската канцеларка Ангела Меркел во разговорот за весникот Passauer Neuen Presse, запрашана за начините на коишто може да бидат ослободени германските државјани.

Тензиите меѓу двете земји се одразија и на парламентарните избори кои во Германија ќе се одржат следниот викенд и за кои турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги повика Турција да ги игнорираат. Во Германија живеат најмалку 3 милиони жители со турско потекло, а Берлин имаше традиционално добри односи со Анкара која е голем трговски партнер и популарна дестинација за германските туристи.

Германските функционери се револтирани од апсењата на десетина германски државјани, повеќето од турско потекло, вклучително и новинарот Дениз Јучел, кој е во притвор повеќе од 200 дена.

Меркел во вторникот објави дека Германија ќе стави рестрикции на дел од продажбата на оружје за Турција, а министерот за надворешни работи Зигмар Габриел, претходно објави дека сите поголеми продажби на оружје за Анкара се ставени на чекање.

Анкара, пак, смета дека овој потег ќе ја загрози нивната заедничка борба против терористите од Исламската држава.

Меркел на почетокот од септември порача и дека Турција не може да стане членка на Европската унија, како и дека ќе разговара со европските партнери за да постигне компромис за запирање на пристапните преговори на Анкара за членство во Унијата.