Меркел не стравува од Турција, но повикува на одмереност

Германската канцеларка Ангела Мерлек го отфрли критики според коишто Европската унија поради договорот за имигрантите со Турција е лесна цел за уцени од страна на Анкара, пренесува дневниот весник Koelner Stadt-Anzeiger во средата.

„Јас, како германска канцеларка не се стеснувам да ги критикувам спорните појави во Турција, и тоа не само јавно, туку и во директниот контакт со турските функционери“, изјавува германската канцларка Ангела Меркел во интервјуто за весникот Koelner Stadt-Anzeiger.

Истовремено укажува на тоа дека договорот со Турција за повратното прифаќање и спречување на имигрнтите на патот кон Европската унија носи многу предности и за Турција, особено во сферата на справувањето со криминалот и криумчарењето луѓе.

Германската канцеларка притоа укажува и на тоа дека  е „сосема исправно“ Европската унија на Турција „којашто прими три милиона бегалци од Сирија“, да ѝ пружи финансиска помош.

Меркел, исто така, се изјаснува и за „умерен однос“ кон Турција кога е во прашање трансформацијата на политичкиот систем на оваа земја од парламентарен во претседателски, за што Турците пред две седмици гласаа на рферендум.

„Мораме да бидеме јасни во својата критика, тоа не се доведува во прашање. Но, исто така, мораме да бидеме мудри бидејќи добриот однос кон Турција е и во наш сопствен интерес“, вели Меркел.

 
Канцеларката заклучува дека воведувањето на смртната казна во Турција „би ја одземало секоја основа“ за натамошните преговори за пристапувањето на оваа земја на Европската унија.