Политиката на отворени врати кон мигрантите немала правен основ, оцени правното одделение на Бундестагот на само два дена до изборите.
Ова е удар кон Ангела Меркел, која веќе е прогласена за апсолутен фаворит на изборите в недела .
Според весникот Велт, кој го објави извештајот на Бундестагот ,,Сојузната влада не објасни до денес врз основ на кој закон во 2015- та им дозволи влез на бегалците во земјата. По правило, тие требаше да бидат вратени во Австрија, која важи за сигурна држава“.
За да се донесе ваква одлука, требало да биде изгласана во Бундестагот, се наведува во решението, во кое научниците се повикуваат на Уставот во кој точно се наведува како може да се отворат границите за бегалци.
Потсетуваат дека во септември 2015- та токму канцеларката Меркел сама ја донела таа одлука по консултации само со неколку министри .
Исто, според Германските закони дозвола за влез во земјата од друга сигурна држава, може да издаде само Министерството за внатрешни работи, но таков документ не постои.
Опозициските крајно десничарски партии веќе најавија поведување истражна постапка.
Партијата Алтернатива за Германија, иако токму со помош на ЦДУ на Меркел влезе на претходните избори и може на овие да стане трета политичка сила во земјата, е една од партиите кои најавија истрага против канцеларката веднаш по изборите.