Меркел: Неприфатливи се американските коментари за ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека „потполно се неприфатливи“ вулгарните коментари за улогата на ЕУ во украинската криза која ја изрекле американските дипломати, соопштија денеска во Берлин.

Во снимениот телефонски разговор кој е поставен на „јутјуб“ официјално лице од американскиот Стејт департмент, Викторија Нуланд употреби псовка кога зборувала за ЕУ разговорите со американскиот амбасадор во Киев.

Таа подоцна се извини на претставниците од европскиот блок.

Портпаролот на германската канцеларка Кристијан Вирц изјави дека Меркел ги цени напорите на шефицата на надворешната политика, ЕУ Кетрин Ештон која посредува меѓу украинскиот претседател Виктор Јанукович и антивладините демонстранти.

„Канцеларката смета дека овие коментари се потполно неприфатливи и сака да нагласи дека Ештон направила извонредна работа,“ изјави Вирц.