Меркел повика на придржување на построгите рестриктивни мерки против коронавирусот

Германската канцеларка Ангела Меркел побара во неделата вечерта од сојузните покраини да се придржуваат на договореното заострување на мерките во обидите да се справат со епидемијата на коронавирусот поради растот на бројот на заразените.

Канцеларката во интервјуто коешто синоќа го емитуваше јавната германска телевизиска мрежа ARD, рече дека некои сојузни земји не ја следат таканаречената „кочница за нужда“, која регионалните влади се согласија да ја применат по одреден број зарази.

„Мораме да ги спроведеме вистинските мерки со голема сериозност. И некои земји тоа го права, а некои не“, изјави канцеларката Ангела Меркел.

Ги повика владите на тие покраини да ги покренат плановите за затворање и спроведување на мерките, како што се построгите огранничувања на социјалните контакти, полицискиот час и барањата за работа од дома.

Германија го преживува сериозниот трет бран на епидемијата, кој се припишува на раширувањето на позаразниот британски сој на коронавирусот. Меѓутоа, сојузната и владите на 16-те сојузни покраини сѐ повеќе се во конлфикт околку тоа како да се заузди ширењето на коронаинфекциите. Некои покраини во кои стапката на зараза е пониска, имено одбиваат враќање во построгиот „локдаун“.

Референтниот епидемиолошки Институт „Роберт Кох“ во неделата објави дека седумдневната инциденца во земјата изнесувала 129,7 на 100.000 жители, што е чувствително повеќе отколку во петокот, кога инциденцата уште изнесуваше 119,1.