Меркел повикува на компромис за новите челници на ЕУ, В4 против Тимерманс

KENZO TRIBOUILLARD/AFP/Getty Images)

Сите ќе мора да направат компромиси, доколку сакаат да се постигне договор за именување на новите водства на европските институции, изјави во вторникот германската канцеларка Ангела Меркел по доаѓањето по доаѓањето на третиот ден од самитот во Брисел.

„Сите мора да сфатаат дека мора малку да ги променат ставовите. Јас тоа им го говорам на сите. Тогаш ќе постојат можности за постигнување договори, а тоа е духот во кој ќе работата – весел и решителен“, рече Меркел за новинарите.

Челниците на ЕУ не успеаја да се договорат за кандидатот кој бил на чело на Европската комисија по целоноќните маратонски преговори во неделата кои беа продолжени во понеделникот утрото, но околу пладне повторно прекинати. Неколку челници на земји членки изјавија дека се надеваат дека на состанокот подоцна во вторникот ќе биде постигнат договор.

Четирите земји од Вишеградската група (В4) кои ја сочинуваат Чешка, Унгарија, Полска и Словачка, категорички се против номинирањето на холандскиот соијалист Франс Тимерманс на должноста претседател Европската комисија, пренесе чешкиот премиер Андреј Бабиш.

„Тимерманс нема да мине. Не разбирам зошто челниците на Франција, Шпанија, Холандија и Германија во текот на 21 час не сфатија дека Вишеградската група само сака да постигне овој човек да не стане челник на Европската комисија“, појасни Бабиш пред новинарите по доаѓањето во Брисел.

Чешкиот премиер го критикува ставот на Тимерманс за миграциите и сугерираше дека комесарката за пазарна конкуренција Маргрет Вестагер би била соодветен избор. Меѓутоа, додал дека неговите колеги во Вашиградската група немаат исто мислење.

најсериозниот проблем на самитот е негативната позиција на земјите од Вишеградската група, односно Полска, Унгарија, Словачка и Чешка, кога станува збор за кандидатурата на Јан Тимерманс на челната позиција во Европската комисија. Холанѓанецот, кој сега е прв потпретседател на ЕК, ја водеше истрагата на Европската комисија за наводното прекршувања на европските правила во Полска, како дел од реформата на Уставниот суд од страна на конзервативната владејачка партија Првда и справедливост (PiS). И унгарската конзервативна десна влада на партијата Фидеш, покрај за претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер пролетва водеше кампања и против Франк Тимерманс, поради проимиргантските бирокртски планови кои се договараат во Брисел, со кои не се согласуваа земјите од Вишеградската група, и во што предничеше Унгарија.

Вонредниот самит кој започна во неделата е третиот обид во последните два месеца да се постигне компромис за пакетот номинации за клучните функции во евроструктурите, откако на редовниот самит одржан на 20-ти и 21-ви јуни европските челнции не успеаја да постигна договор за именувањата во новиот институционален циклус. Лидерите на ЕУ треба да се договорат за „пакетот“ за именувањата на челниците на Европската комисја, Европскиот совет, Европскиот парламент, претседателот на Европската централна банка (ECB) и високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Ова мора да се направи пред почетокот на пленарната седница на новиот состав на Европскиот парламент закажана за 2-ри јули. За предложениот на самитот кандидат за претседател на Европскиот парламент пратениците треба да гласаат веќе на 3-ти јули на првата сесија во Стразбур, и тој веднаш да стапи на должноста. Челниците на другите институции на ЕУ треба да бидат заменети на 31-ви октомври, датум на кон Велика Британија треба да ја напушти ЕУ. Последниот пат кога во 2014 година се избираа новите челници на европските инстиции беа потребни три месеца и три самита.