Меркел: Со помош на Русија може да се стави крај на војната во Сирија

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека би било возможно да се стави крај на граѓанската војна со помош на Русија, која пред два дена отпочна да извршува воздушни напади против милитантите.

Меркел говорејќи за бегласката криза наведе дека е неопходно да се решат проблемите поради кои луѓето бегаат од сопствените домови, пренесуваат светските медиуми.

Тоа е вистината и за Сирија, каде сите со години знаевме дека може да се дојде до решение само со Русија, а не без Русија, истакна Меркел во својот говор по повод 25-годишнината од обединувањето на Германија.

Аналитичарите наведуваат дека САД имаат поинаков став и дека Белата куќа соопштила дека руските воени акции во Сирија предизвикуваат ризик од продолжување на конфликтот во земјата.