Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека нема причина за укинување на европските санкции кон Русији бидејќи Москва не ги исполни сите обврски преземени со спогодбата од Минск.
Во интервју за РНД, Меркел кажа дека Русија со анексијата на Крим во 2014 година предизвикала голема криза во Европа.
– Европа мораше да реагира против кршењето на основните принципи, порача Меркел,.
Таа наведе дека со францускиот претседател Франсоа Оланд вложуваат огромни напори Украина и Русија да го исполнат договорот за прекин на огнот од Минск и покрај сите тешкотии.
Според неа, тоа бил и останува параметарот за тоа што во иднина ќе се случи со санкциите.
Во јуни ЕУ одлучи, заради сударот во Украина, да ги продолжи санкциите против Русија до крајот на јануари следната година.