Германската канцеларка Ангела Маркел денеска ги повика граѓаните на таа земја да не патуваат во земји и региони каде постои голем ризик од зараза со коронавирусот.
„Се покажа дека непропорционално висок број на патници кои се враќаат (од подрачја со висок ризик) се тестирани позитивно“, рече Меркел по средбата со регионалните министри за новите рестриктивни мерки.
Според АП, новиот дигитален систем ќе го замени доставувањето документи во форма на хартија од октомври, со цел подобро да се следи движењето на повратниците и да се следи дали тие ги исполнуваат обврските за карантин.
Оние што не ги следат правилата, се соочуваат со значителни казни.
Меркел додаде дека задолжителното тестирање на аеродромите ќе продолжи, но таа рече дека може да се скрати периодот од 14 дена карантин, доколку се обезбеди негативен тест, пет дена по слетувањето.