Германската канцеларка Ангела Меркел, во разговор со премиери на покраини, за првпат јасно критикувала германски виролози, особено водечкиот виролог Кристијан Дростен, објави весникот „Билд“.
Весникот посочува дека канцеларката зборувала за постојаните промени во ставот на Кристијан Дростен, наведувајќи го како пример неговото барање за затворање на границите.
Таа цитирала негова изјава дека федералната полиција повеќе треба да оди да купува наместо пензионерите, наместо да ја штити границата, додека тој два дена подоцна поддржувал затворање граници.
Таа исто така го критикуваше Дростен за нејзината последна изјава за опасноста од инфекција кај деца.
Дростен предупреди дека децата најверојатно се заразни како возрасните и бил против целосното отворање на училиштата и градинките.
Претходно, повикувајќи се на странски студии, Дростен тврдеше дека децата со помала веројатност се заразуваат од возрасните.
Според „Билд“, Меркел во врска со тоа изјавила дека повеќе не може да чека за усогласен поглед на науката.
Портпаролот на германската Влада Штефен Киберт негираше дека Меркел претходно го критикувала вирологот Дростен. Тој рече дека канцеларката на прес-конференцијата укажала на важната улога на науката и Достен. Сепак, Билд посочува дека добиле информации за критики од повеќе извори.