Меркел за ситуацијата во Либија: Неопходен прекин на огнот

angela merkel

Германската канцеларка Ангела Меркел имаше средба со командантот на Либиската народна армија, генерал Калиф Хафтар, со кого разговараше за конфликтот во Либија, соопшти германската Влада.

Според изјавата на портпаролот на германската Влада, канцеларката потенцирала дека „не може да има воено решение“ за конфликтот и дека, од таа причина, неопходно е да се дојде до прекин на огнот и напредок во политичкиот процес.

Командантот на бунтовничките сили на истокот на Либија вчера му рече на францускиот претседател Емануел Макрон дека ќе потпише примирје, до кое ќе се придржува доколку биде почитувано и од војската на меѓународно призната влада во Париз.