Следната година 11, 5 милиони евра за мерките за намалување на невработеноста

Следната година 11, 5 милиони евра се насочени кон 28 мерки за намалување на невработеноста. Министерството за труд и социјална политика спроведе низа мерки за зголемување на бројот на работни места и намалување на невработеноста.

Во дел од проектот Македонија вработува кој започна да се реализира пред 6 месеци постигнати се неколку цели, им се помогна на македонските граѓани кои бараат работа полесно да ја најдат, да станат поконкурентни, а компаниите да ги зголемат бројот на работни места во својата компанија, истакна министерот Диме Спасов одговарајќи на пратеничко прашање.

Проектот беше насочен да помогне на 5 групи: Млади невработени до 29 но и оние до 35, невработени кои 10 години се без работа имаат 35-50 години, лица од над 50 години, ранлива група на лица од повеќе категории и лица од над 58 години кои немаат доволен стаж за пензија, за чие вработување приватните компании ќе бидат ослободени од плаќање на социјални придонеси во период од 2-5 години во зависност од групата.Целта е да се опфати се поголема група на лица кои ќе можат да ги искористат поволностите, а веќе 6 месеци откако започна проектот, заклучно со вчера се отворени 7885 нови работни места, подвлече Спасов.

Проектот успешно се спроведува во сите општини заклучи министерот и тоа: во Тетово 660 нови работни места, во Гостивар 583, Струмица 485, Куманово 399, Штип 455, Кочани 459, Виница 78.

Проектот продолжува да се реализира и во наредните 6 месеци. Втората цел на овој прокет е да се помогне на македонските компании да ги намалат трошоците за отворање на нови работи места, а заштедените средства да се пренаменат за развој на нивниот бизнис. Преку проектот 5040 македонски компании ги искористија поволностите.  Она што го покажува успехот е тоа што мали компании го имаат искористено и то вкупно 4373 мали компании. Над 90% од малите и микро компании кои сега учествувале во овој проект ќе влијаат врз развојот на Македонија, заклучи Спасов.

Пресметано по однос на финансиска поддршка, во просек една компанија има месечна заштеда од 150 евра по лица, по однос на неплатени придонеси. Во период од 12 месеци тоа се 1800 евра. За 12 месеци 5040 македонски компании ќе добијат ослободување од 14 милиони евра, а за 3 години од над 42 милиони евра.

За млади до 29 години, Владата на Македонија пред 1 и пол година  ја воведе првата мерка за ослободување од плаќање социјални придонеси. Станува збор за мерката 1+1. Започна во 13 март 2014 и до сега преку истата се вработиле 10 291 лице до 29 години, а мерката ја искористиле 5904 компании, заклучи Спасов.

Владата, посочи Спасов го донесен новиот оперативен план за 2016 година за кои се планирани 11,5 милиони евра за 28 мерки кои ќе бидат насочени за намалување на невработеноста, отворање на нови работни места, отворање на нови мали и микро компании.

За реализација на проектот за самовработување предвидени се околу 207 милиони денари за 2016 при што планираме да се поддржи формирање на нови мали бизниси, околу 920, од кои минимум 30% ќе бидат млади лица до 29 години, да отворат нови 1.000 работни места во текот на 2016 година.

Нова мерка за лица со инвалидност ќе продолжи, а за 2016 предвидени се нови 300 вработувања, од кои 100 лица да искористат грат за самовработување, и дополнителни 200  вработувања, а при тоа да се искористат 49 милиони денари за реализација на оваа мерка.

Се продолжува и со реализација на грантот за финансирање на отворање на нови работни места во микро и мали компании за каде планираме околу 200 вработувања да се реализираат преку грант од 1500 евра за ново отворено работно место.

Обуки кои се реазлизираме и во 2016 година во приватни компании 6.000 лица да се обучат за побарувани занимања на паз на трудо за дефицитарни вештини за потребен кадар кој го имаат, рече Спасов.

Продолжуваат и обуките, односно околу 6.000 лица да се обучат, а новитет е што обуките ќе се реализираат во реални работни услови.

Новитет  во овој оперативен план за вработување се двата нови гранта: грант за основање на приватна детска градника во износ од 10.000 евра еднократни неповратни финансиски средства и грант за формирање на нов приватен старски дом во износ од 12 500 евра неповратни финансиски средства, додаде Спасов.

Планирано е да се отворат 10 приватни и 10 домови за стари лица, или околу 100 нови работни места.