![merki-za-nadminuvanje-na-plasmanot-na-gradinarskite-proizvodi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/06/merki-za-nadminuvanje-na-plasmanot-na-gradinarskite-proizvodi.jpg?resize=640%2C400&ssl=1)
Со цел да се надминат проблемите кои ги имаат со пласманот на своите производи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска треба да презентира мерки што ќе се преземат за производителите на градинарски производи.
Ресорниот министер Михаил Цветков, заменик-министерот за економија Христијан Делев и директорката на Агенцијата за финасиска помош, Билјана Вуковиќ вчера имаа средба со производителите на градинарски производи од штипскиот, карбинскиот и светиниколскиот регион.
Министерот Цветков посочи дека проблемот со пласманот на македонските домати е во тоа што сезоната за производство задоцнила за 20 дена, поради лошите временски услови, и токму и заради тоа има и голема конкурекција на производството во земјите каде што извезуваме како земја.
Директорката Вуковиќ информира дека Агенцијата за финансиска помош на земјоделство ќе преземе две мерки за хипер произвоидството на домати, со што на македонските производители ќе им се помогне.
– Тоа е мерката техничка помош со која ќе се поддржат извозниците на домати, а втората мерка е наменета за производителите на домати, која ќе оди преку Програмата за финансиска поддршка на земјоделството, односно ќе се субвенционираат производителите на домати дополнително од она што веќе им следува, по хектар производство, без оглед дали се произведени на отворено или во стакленици, вели Вуковиќ.
Заменик министерот за економија Делев истакна дека веќе се прават напори со фирми да извршат откуп на дел од доматите, но исто така се бара и начин за активирање и на домашната козервна индустрија, која ќе ги земе и преработи големото производство на домати во овој момент.