Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ:
Шутаров овие барања со кои трет ден парадира СДС требаше да му ги пренесат на Ковачевски кој како тема можеше да ги отвори на една од тајните средби со Арсовска каде наместо тендери во 4 очи можат да прифатат пакет мерки за почист воздух.
СДС е 7 години на централна власт, а полумерките на советникот Шутаров нема да сменат ништо и се чист популизам.
Наместо да го местат да чита проза и поезија потребни се суштински мерки за почист воздух кои не може да се имплементираат без владата.
Никој во Скопје не верува дека почист воздух ќе има ако се обезбеди бесплатен превоз во ЈСП, или еднократно се доделат пари под ставката животна средина. Со ваквите полумерки само СДС и Шутаров отвораат пат за нови субвенции кои Градот треба да ги додели на директорот на ЈСП кој доаѓа директно од штабот на СДС.
Впрочем мерките се да се наполни буџетот на сдсовскиот директор за да може Арсовска и Ковачевски да прават нови тендери во 4 очи како оној што ЈСП го направи со Пуцко Петрол кој припаѓа на пратеник од власта.
Ако Шутаров од СДС има чесна намера нека ја собере коалицијата ДУИ, Левица, СДС и нека побараат од владата итни мерки.