Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко наредил да се урне ѕид на штабот на партијата „Алијанса за Албанците, јавува порталот на албански јазик „Алмакос“.
Според објавената информација, ситуацијата во Струга е тензична по инцидентот.
На бандитски начин по наредба на Рамиз Мерко, денеска околу 10.30 часот искршен е зидот кој го дели објектот на општината и штабот на „Алијансата за Албанците“. Овој начин на дејствување на Рамиз Мерко е познат од порано, бидејќи овој човек е експерт за узурпација на имоти и дивоградби. Им укажуваме на Рамиз Мерко дека проблемите што ги има со македонските партнери не може да ги дефокусира и да се одмаздува кај Албанците. Ние ќе ги следиме сите правни начини за одбрана на штабот и членството на Алијансата. Плановите на Мерко и фамилијата не може да бидат на грбот на Алијансата и нејзините членови, реагираат од партијата.